Авио компанијата „Ер Србија“ во следните шест месеци ќе воспостави директен лет на линијата Белград-Токио, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ и посочи дека поврзувањето со Јапонија е од најголемо значење за земјата.
„Ќе дадеме се од себе за да ја воспоставиме оваа линија во следните шест месеци“, рече Вучиќ на српско-јапонскиот бизнис форум: средба со јапонската организација за надворешна трговија Џетро и ги повика претставниците на јапонските компании почесто да ја посетуваат Србија.
Тој додаде дека со министерот Синиша Мали разговарал за воведување на три нови директни летови од Белград, а една од нив е директна авионска линија до Токио.
Можности за зголемување на трговската размена
Тој посочи дека амбасадорот на Јапонија во Србија, Акира Имамура, постојано е доследен во обидите Јапонија да и се приближи на Србија, додавајќи дека трговската размена меѓу двете земји е помала од 350 милиони евра, но дека ќе има можност да се зголеми во иднина.
Прочитајте повеќе на: faktor.mk