![ЈСП Скопје предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/9d/d31a97d9-resize-820x0x100.jpg)
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска.
Ова како што информираат е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“, за која, како што тврдат не е поврзана со ЈСП Скопје.
„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП Скопје.
Извор: skopjeinfo.mk