По германските сајтови може да се забележат многу работи, кои се нудат на цело работно време.
Понудените работи најмногу ги има во Берлин. Двојно помалку се нуди во Минхен и Хамбург. А, потражувачка од 10.000 работни места има во Келн, Штутгарт и Дизелдорф.
На еден од германските сајтови се појавува најголема потреба од продавачи. Па над 4.000 работодавачи нудат работа во своите трговски објекти. А, платата се движи околу 1.700-1.800 евра.
Меѓу најбараните работи се и возач и виљушкарист, кои добиваат во просек по 14 евра по час. Се бараат и автомеханичари, кои добиваат по 16 евра час на некои места.
Германците бараат и заварувачи и вулканизери, а платата се движи 1.800 евра. Голема потреба е и за работници во производство, а се добива плата од 10 до 16 евра по час.
извор: zase.mk