Заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, некои места во понеделник ќе бидат зафатени од планираните исклучувања од струја.
Според ЕВН, планирани исклучувања ќе има во:
Аеродром - Лисиче: дел од с.Горно Лисиче (подуличката кај црква Св.Петар и Павле) - 9 до 15 часот;
Аеродром - дел од булеварот Јане Сандански кај Окта Петрол 9 - 9 до 13 часот;
Карпош - поголем дел од корисниците на ул. Влае - 9 до 12 часот;
Волково - Корисниците во Волково на ул.14, 17, 47, 21, 23, 100 - 8:30 до 12 часот;
Волково - дел од потрошувачите од с.Волково на ул.102 во близина на училишната зграда - од 10 до 12 часот;
Бутел - дел од ул. Зеничка и дел од ул. Коце Металец - од 11:30 до 14 часот;
Бутел - дел од улица Ферид Бајрам и поголем дел од улица Рокомија - од 8:20 до 11:20 часот;
Чучер - Сандево - дел од с.Голиево, Бразда и Кучевиште од 8:30 до 13:30 часот.