За непочитување на законската одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра.
Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила, соопшти новинската агенција МИНА.
Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина од 15 до 50 микрометри, на продажното место на стоки или производи.
За кеси со дебелина поголема од 50 микрометри се плаќа такса од 0,03 евра.
Покрај пластичните кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичните прибор за јадење и одредени кутии за пакување храна.
Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад, бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.
Извор: „Евроњуз Србија“