![Временска прогноза: Ќе има ли снег вечерва за Нова Година](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cc/84dcbccc-resize-820x0x100.jpg)
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.
Сувото и ветровито време ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда се очекува ново наоблачување кое ќе донесе локални врнежи од снег кои ќе ги има и во четврток.
Во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од снег во западните и југозападните делови од државата. Утринските температури ќе се движат од -6 до -2 степена, а дневните од 2 до 8 степени.
извор: press24.mk