![Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата: Водата во Скопје е безбедна за пиење](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2b/438aa6b2-resize-820x0x100.jpg)
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.11.2024 до 15.11.2024 зема 204 примероци за физичко-хемиска и 204 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Извор: kanal5.com.mk