Миланската улица Виа Монте Наполеоне ја надмина Петтата авенија во Њујорк и стана најскапата шопинг улица во светот, што е прв пат европски град да се најде на врвот на листата.
Станарините на оваа улица која се наоѓа во срцето на италијанската финансиска метропола се зголемиле за 11 отсто во последните 12 месеци, достигнувајќи 20.000 евра по квадратен метар. Ова се должи на тоа што побарувачката ја надминала понудата, се наведува во извештајот на групацијата за недвижности Cushman & Wakefield.
За споредба, станарините на познатата Пета авенија, кои ги опфаќаат улиците од 49-та до 60-та, останале непроменети втора година по ред, на 2.000 долари по квадратна стапка (мерено според американските стандарди, каде што една стапка е еднаква на 30 сантиметри).
Зад првите две места, лондонската улица „Њу Бонд“ ја престигна Цим Ша Цуи во Хонг Конг и го зазеде третото место, со закупнини од 1.762 долари по квадратен метар. Авенијата Шанзелизе во Париз се рангираше на петтото место со цена за изнајмување од 1.282 долари.
„Виа Монте Наполеоне е многу кратка во споредба со Петтата авенија или улицата New Bond, што влијае да се зголеми киријата“, рече Томас Касоло, шеф на малопродажба во Cushman & Wakefield за Италија.
Како резултат на тоа, тој гледа простор дури и за дополнително зголемување на киријата.
Недостаток на простор - поскапа кирија
Извештајот, кој веќе 34 години ги следи закупнините во 138 водечки малопродажни дестинации низ светот, укажува на тоа дека овие локации се соочуваат со голема побарувачка за простор и ограничена понуда, дури и на инаку предизвикувачкиот пазар на малопродажба, изјави Роберт Траверс, шеф за малопродажба во Европа, Блискиот Исток и Африка во Cushman & Wakefield.
Луксузните и масовните брендови „ги удвојуваат своите физички продавници на врвни локации, бидејќи конкуренцијата за привлекување внимание на потрошувачите создава потреба за супериорно искуство при купување и привлечен изложбен простор за производите“, додаде тој.
Стапките на слободни простори се „исклучително ниски“, што резултира со високи цени за изнајмување.
Еве ги 10-те најскапи шопинг локации во светот, според киријата по квадратен метар, според Cushman & Wakefield:
Via Monte Napoleone, Milan
Upper Fifth Avenue (49. – 60. str), New York
New Bond Street, London
Tsim Sha Tsui, Hong Kong
Avenija Champs Élysées, Paris
Ginza, Tokyo
Bahnhoftstrasse, Zurich
Pitt Street Mall, Sidney
Myeongdong, Seoul
Kolmarkt, Vienna
Извор: faktor.mk