Во Буџетот за 2019 година ослободени се средства за обезбедување бесплатно болничко лекување за пензионерите со ниски пензии, како и бесплатни специјалистико-консултативни и болнички здравствени услуги за лицата приматели на социјална парична помош.
Тоа значи дека од оваа година пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при болничко лекување во болнички здравствени установи.
Исто така, корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги.
Оваа мерка ќе помогне лицата приматели на социјална помош и лицата кои добиваат пониски пензии да добиваат навремени, квалитетни и бесплатни здравствени услуги, со што ќе се намалат нивните трошоци, но и ќе се унапреди степенот за здравствената заштита.