Кратката прошетка по оброкот може да помогне на повеќе начини, а истражувањата покажуваат дека одењето само 500 дополнителни чекори дневно е поврзано со намален ризик од голем број болести.
Па така брзото одење може да биде одличен начин да останете активни во текот на постудените и потемни месеци.
„Ви се активира пумпањето на крвта, му давате шанса на вашето тело да циркулира хранливи материи“, вели Фишер и додава „Доколку седите на каучот цел ден, голема е веројатноста дека ќе бидете вкочанети и уморни, додека доколку станете, вашето тело ќе биде поподготвено и поспособно за движење“.
„Дури и пет минути пешачење може да даде големи придобивки“, истакнува тој.
„Луѓето можат да започнат со она кое можат да го направат – петминутно пешачење, а потоа можат да го надоградат тоа“, рече Фишер.
Истражувањата покажуваат дека одењето само 500 дополнителни чекори дневно е поврзано со подобро здравје на срцето и помал ризик од одредени болести. Чувството на поголема енергија и будност по прошетката е одличен поттик да се движите во текот на целата сезона, а не само во текот на зимата, и може да го олесни придржувањето кон другите здрави навики.
„Доколку луѓето имаат постојана рутина или навика за пешачење, веројатно имаат и други здрави навики“, вели Фишер.
Извор: tocka.com.mk