Скијачките центри на Македонија, потпишаа договор со Ски центарот Маврово, врз основа на кој скијачите од Македонија и Србија ќе можат бесплатно да скијаат со ски карта што е купена во Македонија или во Србија.
Според договорот, овие поволности се и за скијачите од Србија и од Македонија, бидејќи, сопствениците на сезонски билети за скијање во Србија можат да уживаат три последователни дена бесплатно скијање на патеките на скијачкиот центар Маврово, информираат од Скијачките центри на Србија. Истовремено, носителите на сезонски билети на Маврово ќе можат бесплатно да скијаат на Копаоник, Стара планина и Торник на Златибор.
„Со сезонската ски карта од ски центарот Маврово за сезонава 2025 ќе можете да скијатебесплатно низ следните ски центри:
– Олимписки центар Јаxорина (два последоватени дена)
– Скијалишта Србије- Копаоник, Торник (Златибор) и Стара Планина (три последователни дена)
– Олимписки центар Бјелашница и Игман (три последователни дена)
– Скијалишта Црне Горе- Колашин 1600 (три последователни дена)