![Северен ветер и снег - Какво време ќе имаме следните денови?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/81/73cf0518-resize-820x0x100.jpg)
Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.