Скопје ќе добие проект за споделување и изнајмување електрични возила, со кој се очекува да се намали аерозагадувањето. Договор е постигнат со словенечката компанија „Авант Кар“, која ќе го реализира првиот систем за 100% електричен кар-шеринг во градот.
Проектот има за цел да обезбеди еколошки, економичен и модерен начин на транспорт, кој ќе го намали сообраќајниот метеж, загадувањето и зависноста од фосилни горива. Ова е чекор напред кон создавање на одржлив и зелен град.
Системот „Avant2Go“, кој веќе успешно функционира во Словенија, Хрватска и Австрија, ќе придонесе за директно намалување на емисиите на CO2. Реализацијата ќе започне со обезбедување јавни и приватни паркинг простори, како и поставување инфраструктура за полнење електрични возила во повеќе општини во Скопје.
Извор: inovativnost.mk