Со празничната сезона, кога луѓето купуваат подароци, испраќаат пораки до најблиските и пребаруваат на интернет, измамниците ги зголемуваат своите активности. Google предупредува на зголемен број онлајн закани и повикува корисниците да бидат внимателни.
Пораст на онлајн заканите
Од ноември наваму, технолошкиот гигант Google забележува значителен пораст на онлајн заканите. Иако Gmail успешно блокира голем дел од нив, напаѓачите постојано ги адаптираат своите тактики.
„Обично гледаме нов бран напади за време на празничната сезона, бидејќи напаѓачите пробуваат нови стратегии,“ се наведува во блог објава на Google. Компанијата ги идентификува три најчести типови на измами:
Измами со фактури
Првата категорија измами вклучува лажни фактури кои содржат телефонски број. Ако го повикате, ќе ве поврзат со „агенти“ кои ќе се обидат да извлечат пари од вас, тврдејќи дека должите одредена сума.
Измами со познати личности
Втората категорија се пораки кои се претставуваат како да доаѓаат од познати личности или тврдат дека тие поддржуваат некаков производ. Целта е да се изгради доверба кај жртвите за да се наседне на понудите, кои често звучат предобро за да бидат вистинити.
Изнуда со лични податоци
Во овој тип измами, добивате порака со детали за вашата домашна адреса, понекогаш и со слика од вашата локација. Преку закани дека ќе објават лични податоци, измамниците бараат „откупнина.“
Како да се заштитите?
- Експертите советуваат внимателност и следење на овие чекори:
- Успорете: Не реагирајте импулсивно на пораки кои користат изрази како „итно“ или „моментално.“Проверете: Истражете го испраќачот на пораката и проверете дали адресата е легитимна.
- Не споделувајте податоци: Реномирани организации никогаш нема да бараат лични податоци или плаќања преку мејл.Пријавете сомнителни пораки: Означете ги како спам или фишинг за да ја зачувате вашата безбедност и да помогнете на останатите корисници.
Google нагласува дека нивните системи успешно се борат со овие закани, но додаваат дека и корисниците треба да бидат внимателни, особено во празничниот период кога измамите значително се зголемуваат.
Извор: 365.com.mk