Возачките дозволи со старото име на државата од денеска се прогласени за неважечки. Граѓаните кои ќе користат стари дозволи ќе се соочат со парична казна во износ од 100 евра. Досега се издадени над 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година и во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК беше до 31 декември 2024 година.
Извор: 4news.mk