Бела Бајарија беше именувана за главна директорка за содржина на Нетфликс во јануари 2023 година, откако беше на чело на Глобал ТВ од 2020 година, и е задолжена за сè што нуди платформата ширум светот, надгледувајќи го годишниот буџет на Нетфликс од 17 милијарди долари и е одговорна за многу омилени хитови.
Таа беше прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе на магазинот „Тајм“ во 2022 година и веќе неколку години е на списокот на моќни жени на магазинот „Форчн“, заедно со многу други почести.
Инспиративната 53-годишна извршна директорка за содржина на Нетфликс ги постави стандардите за тоа што претставува индустријата за забава во 21 век.
„Она што е забавно е што културата на Нетфликс се менува толку брзо“, вели таа. „Многу е брз и бара многу агилност, што ми се допаѓа. Ниту една друга компанија не се обидела да работи со оваа амбиција за толку многу вкусови, јазици, култури и жанрови. А неверојатно е да можеш да ги поддржиш раскажувачите од сите тие земји со нивните сопствени гласови и да обезбедиш пристап до тие приказни на глобален сервис“, додава таа.
„Американизацијата“ на Бајарија, која е родена во Лондон започнала на деветгодишна возраст, кога нејзиното семејство се преселило во Торенс, Калифорнија, откако неколку години живееле во Замбија. Тогаш биле основани големи индиски заедници во Њу Џерси и Њујорк, а нејзиниот татко сакал да живее во топла клима после Лондон. Таа одлука резултирала со отворање на неколку пералници за автомобили.
Поддршката од нејзиното семејство ѝ ја дала потребната самодоверба за да го оствари својот сон во индустријата за забава.
Како Индијка, Бајарија била единствена меѓу телевизиските шефови во 1990-тите и раните 2000-ти. Таа гордо ги прифати своите корени носејќи шарени сари на доделувањето награди и на важните настани во индустријата, а истовремено беше мајка на три деца. Никогаш не се сметала себеси за пионерка која дава зелено светло за да се влезе во светот на забавата додека луѓето околу неа не ѝ укажаа колку е ретко да се најдат луѓе со јужноазиско потекло на високи позиции за одлучување, пишуваат странските медиуми. Таа е почитувана во индустријата затоа што е личност која не се извинува за нејзината амбиција.
Рано се намерачила на водење на големо телевизиско студио, што ѝ се остварило кога била ангажирана од Си-би-ес. Од нејзиното претходно искуство во семејниот бизнис, таа знаела дека разбирањето како сите делови од бизнисот функционираат и се вклопуваат заедно е клучот за успехот.
Дури и сега за својата работа размислува како за водење на автопералница. „Во доцните седумдесетти, моите родители дојдоа да го следат нивниот голем американски сон. Отворија пералници за автомобили и јас работев таму за време на викендите. Растењето во таа средина ми всади големо чувство на одговорност“, вели Бајарија. „Сакам нашите емисии да одекнат меѓу луѓето. Тоа е она што секогаш го барам. Дали им се допадна на луѓето? Дали исклучија или гледаа до крај?‘ Можеме ли да направиме нешто што ќе го сакате толку многу што ќе разговарате за тоа со пријателите? Во тоа е работата“, вели таа.