Проектот за безбедносни камери ќе биде целосно имплементиран до крајот на 2025 година, кога ќе бидат активни сите системи за мониторинг. Во моментов се подготвуваат законски измени и се работи на подготовка на судовите и Управата за јавни приходи (УЈП) за да се обезбеди полн ефект на проектот, вели нинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Со овој систем се очекува значително намалување на сообраќајните несреќи, прекршоците и казните. Камерите ќе бидат поставени на стратешки локации, а казни ќе добијат возачите кои ќе продолжат да возат агресивно, под влијание на алкохол или ќе ја надминат дозволената брзина.