Земјата jа запиша 2024 година во историјата како најтопла година со голем пораст на температурата со кој планетата привремено го надмина клучниот праг од 1,5 степени Целзиусови, кој беше поставен со Парискиот климатски договор од 2015 година.
Според податоците на различни метеоролошки агенции, како што се Европската комисија, Британскиот метеоролошки завод и Јапонската агенција за време, глобалната температура во 2024 година била 1,6 степени Целзиусови над просечната температура од доцниот 19-ти век.
Овој пораст значи дека температурата на Земјата преминала преку границата од 1,5 степени Целзиусови, што се смета за важен климатски праг.
Најтоплиот ден на Земјата е 10 јули 2024 година, кога глобалната просечна температура изнесувала 17,16 степени Целзиусови.
Најголемиот фактор за ова рекордно загревање е согорувањето на фосилни горива, но природниот феномен Ел Нино исто така има мал ефект врз порастот на температурата.
Извор: telma.com.mk