Бугарските скијачки центри, како Пампорово, Банско и Боровец, повторно се едни од најпопуларните избори за македонските туристи оваа зима. Причината за ова е нивната близина, долгите скијачки патеки, убавите пејзажи, како и прифатливите цени и добрата услуга.
Покрај тоа, бањите во Србија, како Врњачка Бања и Луковска Бања, исто така се барани, со цени кои почнуваат од 30 евра на ден. Од туристичките агенции истакнуваат дека македонските туристи најчесто се одлучуваат за индивидуални аранжмани, а организираните патувања се поретки во споредба со минатото.
Кога станува збор за зимувања во Италија, Австрија или Франција, цените се значително повисоки, особено за превозот, а туристите претежно сами го планираат својот одмор. Сепак, и покрај зголемувањето на цените за 5-10% во одредени дестинации, интересот за зимските патувања останува стабилен.
Извор: vecer.press