![Ветрот го прочисти воздухот, од синоќа полесно се дише](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/13/a6ec6c31-resize-820x0x100.jpg)
По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово воздухот во општините во Македонија е ниско или многу ниско загаден, според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Дополнително, согласно временската прогноза, за денеска има најави за северен ветер, дожд и снег во вечерните часови, што ќе биде причина да се растерети аерозагадувањето и полесно да се дише.
Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица, покажуваат утрово и повеќето апликации за мерење на квалитет на воздух.