![Пак сме на листата на најзагадени земји во светот, утрово меѓу првите 30 по нездрав воздух](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/0b/44c202b0-resize-820x0x100.jpg)
Снегот се стопи, а со тоа на површина излегоа штетните честитки кои го загадуваат воздухот. Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, а ова особено го чувствуваат лицата со чувствително здравје и хронични заболувања. Но, не изостануваат и останатите граѓани, бидејќи вчера вечерта главниот град мирисаше на смог, чад, па и киселини, а тоа го чувствуваме сите.
Според страницата (World air quality index) која го мери индексот на квалитетот на воздухот во реално време, утрово нашата земја по загаденост на воздухот е меѓу првите 30 најзагадени во светот.
Загадено е во Скопје, но и во Кичево, Битола и Гостивар, па и Гевгелија. главниот град се наоѓа во портокаловата зона со категоризирање на воздухот како штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.
Воздухот во нашата земја долго време е загаден за ранливи категории, загаден за сите, па според овие податоци многу често минуваме во фаза на отровен воздух кој е опасен по здравјето на сите. Мерки конкретни, ниту решение за овој проблем нема.