Денешните ниски температури се чини ќе бидат последниот удар на оваа зима. Студено ќе биде и понатаму но температурите нема да одат толку длабоко под нулата како во последните неколку недели.
Веќе од утре се најавуваат околу 1 степен под нулата минимални температури во Скопје, а од почетокот на идната недела ќе има и денови кога нема да се регистрираат негативни температури.
Тоа ќе биде последица од наоблачувањето кое се очекува од понеделник и кое треба да донесе главно дожд, а само на повисоките места снег. Најтопло до крајот на овој месец ќе биде кон средината на идната недела кога се очекуваат максимални 8 степени, а минималните температури ќе останат над нулата.
Еден исклучително студен ден ќе имаме на крајот од идната недела за кога се очекува преодно разведрување. Доколку се исполнат прогнозите и денот биде ведар, се очекува ноќта температурата да падне и под минус 15.
Но ваквата состојба според синоптичарите нема да се задржи долго бидејќи се очекува ново наоблачување кон крајот на месецот кое повторно ќе ги подигне температурите.
И се гледа крајот и на оваа зима - временска прогноза до крајот на јануари
Vijest
-
Граѓаните на Холандија се натпреваруваат: Бетонските плочи ги заменуваат со зеленило!
Холанѓаните се добро познати по грижата за животната средина и природата, а тоа го докажува и натпреварот во кој секоја година жителите се натпреваруваат во озеленување на своите дворови.
-
Од оваа земја од соседството ќе се лета во Шангај: Првиот лет е на 11 јануари, ќе се лета директно и два пати неделно!
Ер Србија од 11 јануари годинава ќе започне директни летови меѓу Белград и Шангај, кои ќе бидат двапати неделно, соопшти денеска компанијата.
-
Оваа професија е една од најбараните во регионот
Магацинските работници во последно време станаа една од најбараните професии во регионот. Бројни големи фабрики и компании мака мачат да ги најдат овие работници, а заработката воопшто не е занемарлива.
-
ПЛАТА НАД 30.000 денари: Пекабеско вработува ДИСТРИБУТЕРИ НА ХРАНА
за реон Охрид и Скопје
-
Зимата предизвика откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт
Неповолните зимски услови предизвикаа откажување на 120 летови до и од аеродромот во Франкфурт, од вкупно 1.090 планирани, информира ДПА.
-
Скијање на Маврово – Чекање за паркинг, ред пред билетара, колона возила за одење…
Се чека да најдеш паркинг. Откако ќе најдеш паркинг ти требаат најмалку 2-3 километри да испешачиш, со скијачки кондури и скии до билетарата. Тука нов шок – стотина луѓе чекаат за билет. Поминуваш во ред најмалку еден час.