Пред две недели Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите поевтини цени на горивата по кои се точеше гориво во изминатите две седмици.
Во текот на денешниот ден, РКЕ ќе ја објави новата одлука за цените кои ќе важат во вечер на полноќ па во следните две недели.
Очекувањата се дека ќе има поскапување
Ова доаѓа како резултат на покачувањето на цената на суровата нафта на светските берзи за околку 3 долари по барел.
Новата цена е наад границата од 60 долари по што се очекува благо покачување на малопродажните цени за околу денар до денар и половина.
При последната одлука малопродажните цени на бензините во Македонија, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.
Останува да видиме каква одлука ќе донесе регулаторот.