Според дефиницијата на Светската здравствена организација, една земја добива статус на „земја без чад“ кога стапката на пушење кај возрасните е под 5 проценти.
Оваа промена, поттикната од тоа што пушачите се свртуваат кон помалку ризични форми на употреба на никотин, ќе ги намали штетите поврзани со пушењето, смета GSTHR.
Пушењето има значително влијание врз животот и здравјето на населението во Норвешка. Во 2015 година, истражувачите откриле дека една од пет предвремени смртни случаи кај Норвежаните на возраст под 70 години била предизвикана од пушење, а во 2021 година, студијата покажала дека повеќе од 8 од 10 случаи на рак на белите дробови кај Норвежанките можеле да се избегнат доколку не биле пушачи.
Во извештајот се наведува дека Норвешка со Законот за тутун од 1975 година презела мерки за намалување на пушењето пред многу други земји и е меѓу првите пет во Европа во однос на строгоста на мерките за контрола на тутунот.
-Иако пушењето е во опаѓање во Норвешка, во последните две децении бевме сведоци на значително забрзување на падот на бројот на пушачи, што се совпадна со зголемување на употребата на оралниот тутунски производ снус. Во споредба со пушењето тутун, snus нуди многу побезбеден начин за консумирање никотин, велат од организацијата.
Според официјалната статистика од 2005 година:
• 25% од Норвежаните на возраст од 16 до 74 години пушеле дневно
• Кај младите на возраст од 16 до 24 години, тој процент бил 24%
• 5% од Норвежаните на возраст од 16 до 74 години користеле снус дневно
До 2023 година:
• Дневната стапка на пушење падна на 7%
• Само 3% од пушачите меѓу оние на возраст од 16 до 24 години
• Употребата на орални никотински производи е зголемена на 16% кај жителите на возраст од 16 до 74 години
• Повеќе од двојно повеќе луѓе сега користат орални никотински производи во споредба со цигарите (16% наспроти 7%).
Оралните никотински производи како снус и никотинските кеси се сметаат за остварлива опција за оние кои сакаат да се откажат од пушењето, бидејќи тие доставуваат слична количина на никотин како во цигарите.
-Длабоките промени во потрошувачката на никотин во Норвешка покажуваат дека статусот на соседна Шведска без чад можеби не е единствен. Стапката на пушење во Норвешка исто така е намалена поради широката замена на смртоносните запаливи цигари со многу помалку штетна алтернатива. Во двете земји тоа се случи без официјално одобрение од владата. Потрошувачите самите го прифатија намалувањето - а податоците зборуваат сами за себе. Замислете што би можело да постигне интегрирана стратегија за намалување на штетите од пушењето - изјави Дејвид Мекинтош, директор на британската агенција за јавно здравје KAC (Knowledge Action Change), која го води проектот за намалување на штетите од пушењето во глобални рамки.
Извор: kanal5.com.mk