![Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд и снег](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a3/c1ae803a-resize-820x0x100.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 4, а максималните од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Минималната темоература во главниот град ќе биде 3, а максималната 13 Целзиусови степени.
Од УХМР информираат дека денеска попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник преку денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.