![Носталгија - како родените во поранешна Југославија го поминуваа детството?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cc/f850bccc-resize-820x0x100.jpg)
Децата по цел ден играа надвор, вода се пиеше од црево, а сок од исто шише и чаша. Пријателите не се додаваа на Фејсбук, туку се стекнуваа.
Децата по цел ден играа надвор, вода се пиеше од црево, а сок од исто шише и чаша. Пријателите не се додаваа на Фејсбук, туку се стекнуваа.
Детството тогаш многу се разликуваше од ова денес.
Децата тогаш беа слободни, имаа право на грешки и успех и знаеја да сносат одговорност за своите постапки.
Иако мајките пиеја таблети за главоболка за време на бременоста, јадеа конзервирана храна, пушеа цигари, работеа до последниот ден од бременоста и никогаш не беа тестирани за дијабетес, децата се раѓаа здрави.
Водата не се купуваше од продавница, туку се пиеше од црево.
Од истото шише Јупи пиеја сите другарчиња и никој не доби тешка зараза на тој начин.
Се јадеа млечни сладоледи, бел леб намачкан со маст.
И тогаш се пиеја сокови полни со шеќери, но децата не беа дебели, бидејќи постојано си играа надвор.
Криенка, народна, ластик, плочка, крадци и полицајци, грабни стапче, џамлии, долга магарица... ова се само дел од игрите кои се играа надвор.
Качувањето на дрво беше секојдневие, но родителите никогаш не беа осудени од околината за невнимание поради тоа.
На зима пак беше вистинско уживање - од снегот се правеа снешковци и снежни тврдини.
Доколку домашните не можеа да те најдат надвор долго време, кога ќе се вратиш со сигурност ќе добиеш шлаканица, како воспитна мерка.
Пријателите не се добиваа со додавање на Фејсбук и Инстаграм, туку се стекнуваа.
Децата не мораа да пијат таблети против хиперактивност.
Немаше видео игри ниту телевизиски канали на кои постојано се емитуваа цртани - другарувањето беше најубавиот начин на забава.
Немаше ниту телефони, па до другарчињата се стигнуваше со директно ѕвенење на вратата од нивниот дом.
Дали и ти припаѓаш на оваа генерација?
Извор: crnobelo.com