![Пресврт во временската прогноза: Што не чека денес](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d0/8d324d0d-resize-820x0x100.jpg)
Во Македонија ќе има послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, услови за послаби врнежи од дожд и од снег или пак влажен снег ќе има понекаде и на пониските места, анализира Славчо Поповски.
Под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.
Врнежи од дожд и снег ќе има понекаде и на пониските места а ќе започне да дува и југоисточен ветер кој ќе засилува на интензитет.
Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Во текот на следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 л/м2) па токму поради ова можно е покачување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.
Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.