
Freebird Airlines Europe е потврден како оперативен превозник за голем број чартер летови до Скопје од Германија, Обединетото Кралство и Франција следната година.
Како што беше претходно објавено, услугите ќе започнат на 16 февруари. Freebird неодамна аплицираше за слотови за да работи по еден неделен чартер од Лондон Гетвик и Манчестер до македонскиот главен град.
Се очекува да има летови и од Франкфурт, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз Шарл де Гол, Лион и Марсеј. Freebird Airlines Europe ќе ги одржува услугите во име на германскиот тур-оператор RSD, информираа од компанијата лани во ноември.