![Европски градови со најскапа кирија: Во еден цената оди над 3.000 евра](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/92/5aab3129-resize-820x0x100.jpg)
Трошоците за живот во Европа варираат од место до место – во некои градови можете да потрошите половина месечна плата на вечера, додека во други шише пиво ќе ве чини помалку од евро.
Сепак, киријата обично е прилично добар показател за тоа колку е скап еден град, а новото истражување открива кои дестинации во Европа имаат најголеми трошоци.
Врз основа на податоците од Euronews и Rightmove, просечната кирија во Лондон порасна на неверојатни 3.220 евра месечно – 2,5% повеќе од минатата година, пишува TimeOut.
На второ место е Амстердам, каде, месечната кирија за еднособен наместен стан чини 2.275 евра. Холандските градови се истакнати на оваа листа, а меѓу првите 10 се Ротердам, Хаг и Утрехт.
- Лондон: 3.220 евра
- Амстердам: 2.275 евра
- Рим: 2.000 евра
- Париз: 1.862 евра
- Ротердам: 1.795 евра
- Хаг: 1.790 евра
- Минхен: 1.770 евра
- Утрехт: 1.746 евра