Доколку размислувате и сакате да почнете со работа во Германија добро е да знаете која професија е најмногу платена.
Статистиките велат дека со бруто годишна плата од 117 000 евра најдобро платени се стоматолозите. После нив се општите лекари со 78 000 евра, додека на третото место со нешто помалце, односно 75 000 евра се наоѓаат менаџерите на финансиски фондови.
Помалку платените професии, како што се собарките во хотелите, годишно заработуваат 19 000 евра, фризерите 21 000 евра, а платата на келнерите достигнува до 22 000 евра.
Останатите се:
Оператори во кол-центар - 24 000 евра
Работници на благајни - 24 000 евра
Готвачи - 25 000 евра
Забни техничари - 26 000 евра
Возачи на камиони - 27 000 евра
Најмногу вработени странци има во месната индустрија каде бројката достигнува дури 40%, додека во металургијата има најмалку, односно само 20%.