
Според статистиките на Државниот завод за статистика со наслов “Природно движење на населението во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2024 година – претходни податоци” се случуваат големи промени кај населението во Македонија.
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023 година, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.
Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.
Извор: vestiplus.mk