
Германската пошта (Deutsche Post) денеска објави дека има намера да укине 8,000 работни места во Германија со цел да ги намали трошоците.
Дојче пост вработува 187,000 луѓе во Германија, а 500,000 луѓе ширум светот работат за ДХЛ.
ДХЛ, логистичка фирма која е дел од Дојче пост, претходно најави дека сака да заштеди една милијарда евра структурни трошоци.
Минатата година нето добивката на ДХЛ падна за 9,3 отсто, на 3,33 милијарди евра.
Извор: sitel.com.mk