
Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денес и утре (8 и 9 март) на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби.
- Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, соопштија од МВР.