
Стапките на невработеноста последните месеци и години постојано се во надолна линија. Сепак, останува нејасно дали намалувањето на невработеноста се должи на поголема економска активност, и поголема ангажираност на невработените во работни активности, или пак станува збор за други фактори кои придонесуваат до намалување на бројот на невработените.
Ако ги погледнеме стапките на вработеност и невработеност во изминативе пет години ќе забележие големи разлики. Па така во 2018 година стапката на невработеност била 20,7 отсто, за да се намали на 17,3 проценти во 2019 година, па на 16,4 отсто во 2020 година. Трендот на намалувње продолжува и следните години и во 2023 година спаднала на 13,1 процент.
Но, стапката на вработени не расте со исто темпо, а одредени години имаме и нејзино намалување. Иако е очекувано да има флуктации на пазарот на труд со оглед на фактот дека некои луѓе излегуваат од пазарот на труд, односно одлучуваат да не работат одреден период, сепак, зачудува фактот што невработеноста се намалува значително, за разлика од вработеноста, каде нема толку голем раст.
Но, да видиме што покажуваат бројките. Ако во 2018 година стапката на вработени била 45,1 процент. Следната или 2019 година стапката на вработеност достигнала 47,5 отсто, додека во 2020 година останала на исто ниво или 47,5 проценти.
Во 2021 година стапката на вработеност дури благо се намалила, односно спаднала на 47,2 отсто. Во 2022 година стапката на вработеност била 47,3 проценти, додека пак во 2023 година стапката на вработеност се намалила на 45,4 отсто.
Економистите укажуваат дека причините за падот на невработеноста не се едноставни за дефинирање и потенцираат дека има повеќе фактори кои водат кон нејзиното намалување.