Новиот закон за доселување во Германија ќе стапи на сила во јануари 2020 година. До тогаш има уште многу работи да се завршат, а најголем проблем е преоптовареноста на администрацијата.
Др. Карола Буркерт, експерт за миграција во германскиот Институт за истражување на пазарот на труд, во едно интервју за Дојче веле изјави дека овој закон првенствено има за цел да ги задоволи потребита на германската економија за работна сила, но исто така и да обезбеди контрола на пристигнувањето на работната сила од трети земји.
Ова е јасен сигнал до работниците од трети земји дека фокусот сега е ставен на квалификуваните работници и доколку ја имате неопходната квалификација, тогаш тоа навистина може да биде остварување на сонот, вели Буркерт.
Тоа што е ново во законот може да се сумира во три точки. Прво, ги изедначува луѓето со средно образование и лицата со високо образование. Ова е одлична новина, бидејќи претходниот закон главно ги земаше во предвид само лицата со високо образование. Втората работа е укинувањето на критериумот според кој една компанија прво треба да се обиде да најде лице во Германија или ЕУ за одредена работа пред да ги земе во предвид кандидатите надвор од ЕУ. Третата работа е повеќе пречка отколку олеснување. Станува збор за барање на доказ за познавање на германскиот јазик за сите кои бараат работа. Доказот за познавање на германскиот јазик е воведен како критериум за работа или за признавање на странските стручни дипломи.
Стапувањето на сила на законот треба да биде на почетокот на наредната година. Одложувањето на законот е со оправдани причини, бидејќи примената на законот бара усвојување на потребните прописи поврзани со него. Второ, можеме да направиме врска со регулативата на Западен Балкан и поради тоа администрацијата мора да биде подготвена. Постои идеја да се создадат централни канцеларии за странци кои ќе бидат фокусирани на различните процедури. Пристигнувањето на новиот број квалификувани работници ќе ја стави администрацијата пред големи предизвици, бидејќи ќе дојде до зголемување на бројот на апликациите за визи, вели Карола Буркерт.