За разлика од контроверзното право за носење оружје, правото за пушење цигари во САД не постои, а Хаваите наскоро би можеле да станат првата федерална држава во која ќе биде невозможно да се купуваат цигари.
“Овој закон смета дека цигарите се најсмртоносната работа во човечката историја”, – со овие зборови започнува текстот на новиот предлог закон на Хаваи, според кој до 2024 година продажбата на цигари би била целосно забранета. Се работи за федерална држава со еден од најрестриктивните закони за тутунски производи.
Во 2016 година старосната граница за купување на цигари е зголемена на 21 година, а според новиот закон, до следната година, ова ограничување би се зголемило на 30 години, а потоа секоја година за уште 10 години. Во 2024 година, старосната граница за купување цигари би била – 100 години.
Таквиот закон ефикасно ќе ги исчисти полиците за цигари, но туристите и понатаму би можеле да си ги носат тутунските производи со нив.
Еден од покровителите на овој закон е и Ричард Креаган, лекар за итни случаи. “Сега имаме група на луѓе кои имаат сериозна зависност, каде една лоша индустрија ги претвори во свои робови, создавајќи цигари кои предизвикуваат завист, знаејќи дека тоа е смртоносно”, изјави Креган за CNN.
Старосната граница нема да важи за е-цигари, пури или тутун за џвакање, според Net.hr.