![И на Први Мај ќе има казни! Бидете внимателни!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5a/d6e991a5-resize-820x0x100.jpg)
Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.
Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.
Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.
Во истовреме ќе има и засилена полициска контрола низ патиштата кои ќе “ловат“ пијани пикник возачи.