Се заситивте од старата и барате нова работа? Погледнете што се се бара оваа недела на www.vrabotuvanje.com.mk
КАМ доо – најголемиот сиџир на маркети во Македонија поради натамошен развој на компанијата има потреба од Директор за финансии и администрација. Компанијата нуди почетна основна нето плата од 72.000 до 90.000 денари во зависност од работното искуство.
Оне.Вип е во потрага по Интерен ревизор за вработување на позиција Раководител на Одделение за Интерна ревизија и усогласеност на работењето. Почетокот на работата е веднаш!
AUTO1.com е најбрзо растечка онлајн платформа во Европа за продажба на автомобили, што е најскапиот стартап во Европа. Групата AUTO1 работи во повеќе од 30 земји. Таа нуди 50.000 автомобили и купува повеќе од 3.000 нови автомобили секој ден. Во моментов, компанијата го развива својот оддел за продажба во балканските земји како што се Хрватска, Србија, Македонија, БиХ и Црна Гора. За таа цел, компанијата нуди одлични услови за вработување и плата од 64.300 до 88.800 денари во Македонија на позицијата Продажен претставник за користени автомобили.
Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2 има потреба од вработување на следните работни позиции: Оператори во магацин, Производствен електро инженер – авто системи, Медицинско лице и Инспектор за квалитет.
Македонски Телеком АД Скопје објави оглас за слободно работно место Соработник за телекомуникациска безбедност во службата за сајбер безбедност и заштита на податоци. Компанијата нуди минимална вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација во висина од 25.583,00 денари.
Сакате работа во банка? ПроКредит Банка вработува на позиција Стручен за развој на апликации во ИТ сектор во Централната Управа во Скопје, а УНИБанка АД Скопје бара кандидати со завршен Економски Факултет за пополнување на позицијата Kредитен референт во експозитура Кавадарци.
Атлантик Група – една од водечките прехранбени компании во регионот, со палета од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Argeta, Cedevita, Multivita, Cockta, Donat Mg, Smoki, Bananica, Barcaffe, Grand kafa, Najlepse zelje), во моментов вработува на 13 позиции низ цела Македонија. Отворените позиции погледнете ги на следниот линк.
Операторот Lycamobile ги проширува деловните операции во Македонија и е во потрага по нови членови во тимот на слендите работни позиции: Агент за Продажба и Маркетинг и Customer Service Agent (Italian language).
ОИЛКО КДА – компанија со основна дејност транспорт и дистрибуција на нафтени деривати вработува Инженер за одржување и Сметководител. Отворени се вкупно 4 работни места, а платите се движат од 28.000 до 30.500 денари.
Ви посакуваме успех во процесот на селекција!