![Ако патувате внимавајте: Каде вее снег во овој момент?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/70/ae1c7b07-resize-820x0x100.jpg)
Најавите на метеоролозите се покажаа како точни. Во моментов снег вее на патните правци кај Струга, Маврово и Крушево а врнежи од снег моментално паѓаат и на планинските премини Ѓавато и Плетвар.
Послаб снег според информациите од Автомото сојузот вее на Страша, Пресека , Дебарско и Кичево.
Доколку тргнувате на пат имајте на ум дека коловозите се влажни а на места има и остстоци од кашест снег.
Прилагодете ја брзината со која го управувате возилото и почитувајте ги сообрќајните правила и прописи.
извор: фактор.мк