Да се биде дел од водечка европска компанија е вистински предизвик. Особено ако станува збор за интернационална компанија којашто освен за успехот на својот бизнис води посебна грижа и за успехот на секој еден вработен.
DS Smith е место каде што во моментов се пишуваат 150 автентични приказни. Успешни приказни за секој еден вработен кои започнуваат од првиот ден на работа, па потоа следат напредувањата, професионалниот развој, учењето на нови работи, дружбата со колегите и многу други активности кои се дел од секојдневието на вработените.
Една таква приказна е и таа на Кире Наумчевски кој во моментов е главен машинист на машината за доработка Curioni 2800.
Првиот работен ден
Мојот прв работен ден во DS Smith беше пред една и пол година. Започнав како оператор на машина во производствениот погон, каде имав можност да учам од искусни колеги кои се дел од нашиот тим и кои несебично го пренесуваат своето знаење.
Првото унапредување
Работата како оператор на машина е динамична и бара голема концентрација и посветеност. Но, мојата љубопитност и интерес за производствениот процес ми овозможи брзо да напредувам и да научам повеќе бидејќи за само една и пол година, без претходно слично работно искуство, бев унапреден на позицијата Главен Машинист на доработна машина Curioni 2800. Тогаш дознав дека мојата ангажираност, вредното и напорното работење е препознаено од страна на моите претпоставени.
Како изгледа работниот ден на Кире
Сега сум одговорен за оваа машина и тимот кој работи на истата. Се грижам за целокупниот процес на истата, квалитетот на готовиот производ и исполнувањето на зададените таргети. Мојот работен ден започнува во 7 часот наутро, каде се стартува машината, се консултираме и договараме кој е денешниот производствен план и се фокусираме кон исполнување на дневниот план и таргети, трудејќи се да имаме најдобар квалитет, да нема застои и задоволни да го напуштиме работното место.
Како е да се биде дел од DS Smith
Тимската работа е одлична, дружба помеѓу колегите постои, а исто така има и несебична поддршка и помош. Целта е јасна: остварување на позитивни резултати, професионален развој на вработените и раст и развој на компанијата. Горд сум што работам во DS Smith, особено во производствениот процес каде секогаш е интересно и динамично и којшто е сржта на целиот бизнис. Задоволен сум од комуникацијата која ја имаме, организацијата, флексибилноста, како и од начинот за брзо препознавање на ангажираноста на секој вработен. Особено ми е драго што почнав како оператор на машина каде научив многу, тоа знаење многу ми помага на сегашната позиција, а моето напредување на позицијата Главен Машинист е само мотив плус за да бидам уште подобар. Нема ништо подобро од тоа кога денот ќе заврши со исполнети таргети и позитивни резултати.
Грижа за вработените
Морам да истакнам дека условите за работа кои ги нуди DS Smith се фер и компететивни, DS Smith е компанија која се грижи за своите вработени, ги слуша и применува добрите идеи и предлози од вработените, го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на нашите стратегиски цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности. Го препорачувам DS Smith како одличен работодавач, да се работи во ваква компанија од интернационален карактер за мене е голем предизвик и задоволство.
Порака за сите кои сакаат да станат дел од DS Smith
Ги охрабрувам сите коишто бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворениот оглас, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!
Па, дали сте подготвени за вашата автентична приказна во DS Smith?