Сакате да проверите дали сте правилно пријавени на вашето работно место? Следете ја постапката подолу.
Најпрво, посетете ја страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија и кликнете на е-Работа.
Во случај веќе да се регистрирани како корисник на е-Работа, внесете ја електронската адреса која сте ја регистрирале како корисничко име и лозинката за најавување во системот.
Ако сте правно лице, потребно е да поседувате валиден дигитален сертификат издаден од квалификуван издавач на дигитални сертификати. Може да се регистрираат само правни субјекти на кои им е доделен ЕМБС од страна на Централниот регистар на РМ.
За регистрација на физички лица не е потребен дигитален сертификат. Може да се регистрира секое лице за кое веќе постојан основни податоци во некоја од евиденциите на АВРМ.
Откако ќе се регистрирате, можете да симнете дигитална копија од вашиот тековен М1/М2 образец.