Сезонските работници кои имаат намера за кратко време да заработат многу пари во странство, сега имаат идеална шанса – во Германија во моментов е актуелно собирање на аспарагус – работа од која може да се заработи дневница од 150 евра, односно околу 9.000 денари.
Порталот Kurir.rs пренесува дека за работа можат да конкурираат и заинтересирани кандидати од нашите простори.
Германските земјопоседници од оваа година плаќаат минимум 8.60 евра бруто саатница, што е малку повеќе од минатата година, но и оние кои ја знаат ситуацијата таму велат дека оваа бројка е малку надувана.
Сепак, собирањето аспарагус за германските услови е слабо платена работа, особено затоа што на работникот му се одзема од плата доколку сака работодавачот да му обезбеди храна и сместување.
Неопходно е да се знае и дека слободните часови и времето за спиење сезонецот ќе го поминува во заеднички простории со другите работници.
Исто така, од работното време треба да се исклучи времето за пауза, бидејќи таа во Германија не се плаќа.
Работниот ден обично трае 12 до 13 часа. Во одредени случаи, кога аспарагусот расте побрзо за време на потоплите денови, работното време може да биде и до 20 часа.