![Директорот на најголемата словенечка банка бара плата од 500.000 евра](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/0d/4dd348d0-resize-820x0x100.jpg)
Директорот на најголемата словенечка банка побара од управата тројно зголемување на платата, а како оправдување за неговото барање наведе дека банката веќе не е во целосна сопственост на државата.
Имено, директорот на Нова љубљанска банка, 45-годишниот Блаж Бродњак, кој на таа позиција е од 2016 година, побарал од банката (која по ланската приватизација е во мнозинска сопственост на странски фондови, а државата во неа сè уште има 35-отстотен удел) неговата годишна бруто-плата да му се зголеми од сегашните 160.000 евра на 500.000 евра. Управата и сопствениците сè уште не донеле одлука по барањето бидејќи чекаат резултати од компаративната анализа за платите во словенечкото банкарство, наведуваат регионалните медиуми.
Целиот текст прочитајте го на fakulteti.mk