Жителите на Босна и Херцеговина во потрага по подобра работа и живот, усмерени се не само на заминување во земјите на западна Европа, туку и многу подалеку од дома, кон Исток.
Според неофицијални информации, во претприемништвата на Авганистан и Ирак, во американските воени бази, ангажирани се околу 7.000 работници од БиХ, претежно од Тузла и Лукавац.
„Работев за Американците, а после тоа заминав за Германија. Условите не можат да се споредат. Во американските претприемништва годишно се заработува околу 60.000 долари, а во Германија околу 18.000 евра. Но, немојте да заборавите дека во Германија 700-800 евра трошите на стан, додека во американските бази нема скоро никакви трошпоци“, вели човек од Тузла, кој повторно планира да бара работа на Истокот.
Луѓето од БиХ во американските бази се распоредени на разни работни места. Некои од нив градат инфраструктура во камповите, некои се во трговија, комунални улуги, но и во кулинарството.
Извор: Прес24