Доколку сте искусен патник кој често го користи авионот како превозно средство, тогаш знаете дека понекогаш услугите кои можете да ги добиете се ограничени. Но, ако знаете што да побарате, можеби и нема да ви изгледаат така ограничени.
8 работи кои можете да ги побарате за време на авионското патување.
Тура низ кабината
Можеби звучи чудно но голем број на пилоти дозволуваат деца да ја посетат кабината.
Повторно да добиете јадење
Можете да побарате дополнување на оброкот и ако остане нешто откако сите биле услужен,постои добра можност да добиете екстра храна. Се зависи од времето во кое патувате.
Обично, за време на ноќните летови голем дел од патниците одбиваат храна која можете вие да ја добиете, ако ја побарате. Ова важи дури и за нискобуџетните летови каде се служи храна.
Основни медицински помагала и завои
Најосновните лекови како оние за главоболка или смирување на воспаленија можете да ги добиете додека летате.
Можете да замените седиште
Потребно е само навремено да гопобарате тоа и стјуардесите можат да ве замолат додека почекате додека сите патници не се седнати на своите места или додека не се качите на стандардната висина за летање на авионот. Можете да седнете на некое место во случај да е празно или пак да се договорите со друг патник да направите замена на местото на седење.
Марамчиња за дезинфекција
Дел од местото каде седите знае да биде прилично валкано па, можете слободно да побарате влажни марамчиња за да го дезинфицирате просторот околу вас.
Алкохолни пијалаци
Голем број на авионски компании служат бесплатни алкохолни пијалоци,потребно е само да прашате.
Корисни работи
Голем број на авиони нудат многу корисни алатки. Така на пример, можете да побарате сет за шминкање или за играње карти, за пишување…
Дополнување на шишето со вода
Сите патници кои со себе носат вода за пиење обично се замолени да ја истурат водата пред да влезат во авионот, но тоа не значи дека не можете да побарате вода за пиење од дстјуардесите кога ќе влезете во авионот.
aktuelno24.com.mk