![СО ВОДА ИЛИ НЕ: Дали знаете како се чистат шампињоните?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a3/ed2c8d3a-resize-820x0x100.jpg)
Шампињоните се неизбежен дел на многу деликатеси во кујната. Вкусни се и здрави, па поради тоа треба што почесто да ги конзумираме. Но, пред употреба, тие треба да се исчистат. Дали знаете како?
Шампињоните, како и другите печурки, имаат сунѓереста структура и не се мијат со вода. За чистење на печурките, доволно е да ги избришете со влажна крпа или кујнска хартија. Ако на нив забележите промена на бојата, тогаш треба да ги излупите.
Без оглед на бојата и видот, за добро да ги исчистите, дефинитивно треба да го отстраните долниот дел од печурката.