Што му се случува на телото кога си ја мразите работата?
Сите имаме лоши денови на работното место, но загрижувачки е доколку тие денови се претворат во недели или месеци исполнети со стрес.
Премногу луѓе се "заробени" на токсични работни позиции. Ваквата ситуација остава трајни последици врз здравствената состојба на луѓето, а многумина не ја сфаќаат доволно сериозно константната изложеност на стрес.
Многубројните истражувања покажаа дека работењето на работно место кое го мразите прави вистински турбуленции кога станува збор за здравјето. Ова се некои од нив:
Главоболки
Работењето работа која не ја сакате прави вие постојано да сте во исчекување и спремни да реагирате доколку се појави вашиот непријатен шеф или колега. Ваквата состојба предизвикува напнатост во рамењата, непотребни грижи и мисли, а со тоа доаѓаат и главоболките на крајот од секој работен ден.
Често разболување
Доколку доста често се разболувате, размислете како се чувствувате во однос на вашата работа. Бројните студии покажаа дека хроничниот стрес може да го компромитира имунолошкиот систем истовремено правејќи ве подложни на болести.
Константен умор
Токсичната работа создава циклус кој ве исцрпува и физички и ментално. Поради тоа, вие цело време се чувстувате уморно, и неовисно колку и да спиете секогаш станувате поуморни од кога сте легнале.
Проблеми со стомакот
Стресот има големо влијание на тоа што вашиот стомак ќе свари. На овој начин може да дојде до промена на цревната бактерија која пак има влијание врз вашето расположение. Доколку имате проблеми со стомакот, пред да отидете на лекар осигурајте се дека ваквиот здравствен проблем не произлегува од стресот на работното место.
Промена во апетитот
Апетитот е тесно поврзан со мозокот. Во случај на стрес, телото "одговара" со тоа што му кажува на телото да го потисне варењето на храната и да се фокусира на тоа да ве спаси од перцепираната опасност. Промените во апетитот создаваат нездрав начин на хранење, а тоа доведува до други здравствени проблеми.