Мотото на компанијата вклучува знаење, навременост и достапност - „мисли глобално, делувај локално - цели високо”.
Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење. Во текот на 24 годишното работење, Акцент на пазарот ги пласира своите револуционерни идеи кои во голема мера го олеснија водењето на бизнисот. Освен фискалните апарати, компјутерски решенија, Акцент нуди и повеќе моќни софтверски решенија.
Акцент Компјутери е основана пред 24 години, како мала приватна компанија со двајца вработени, но денес можат да се пофали со повеќе од 70 високо стручни професионалци.
Од основањето па се до денес, веќе 24 години, Акцент постои со истиот даночен број.
Пет пати по ред Акцент е прогласена за една од 200 најуспешни компании во сите индустрии, во Македонија. Акцент е прогласен за Супербренд за 2013/2014 и 2017/2018 година.
Мотото на компанијата вклучува знаење, навременост и достапност - „мисли глобално, делувај локално - цели високо”.
Приказната на Акцент започнува во 1995 година со комплетни хардверски решенија, во 2002 е дополнета со продажба на фискални апарати, за да се комплетира со создавањето на првото софтверско решение истата година.
АКЦЕНТ КОМПЈУТЕРИ е технолошки и пазарен лидер во делот на софтверски решенија наменети за мали, средни и големи претпријатија. Од самото нејзино формирање, мисијата е едноставна, да се надминат границите со постојано подобрување, гордо водејќи ги своите корисници напред.
Во Акцент секогаш е предизвик да се направи подобро, побрзо и посовремено решение кое ќе служи за задоволување на актуелните потреби на пазарот. Создавањето на квалитетни производи се заснова на искусни вработени кои работат на решението. Секој има прилика и е поттикнат да придонесе со предложување и споделување идеи и мислења, предлози за подобрување на постоечките решенија и развој на нови.
Акцент ја сочинуваат следните сектори: Продажба; Имплементација, сервис и поддршка; Развој на хардвер и софтвер; Администрација; Менаџмент и контрола на квалитет.
Тимот на Акцент е брз, енергичен, постојан, сигурен, високо мотивиран и станува дел од тимот на компанијата со која соработува.
Акцент, преку својот голем удел на пазарот за фискални каси, станува компанија која е во средиштето на услужување на малопродажната мрежа, Управата за јавни приходи, и секако, потрошувачите. На овој процес подлежат сите деловни субјекти, па затоа за компанијата оваа имплементација претставува најголемото достигнување во своето работење, кое значи успешно, брзо, и ефикасно процесирање на фискалните податоци.
Покрај овие достигнувања, Акцент Компјутери бележи раст на компанијата преку зголемување на бројот на вработени, развој на оддели и стекнување со разни сертификати. Освен сертификатите за квалитет, Акцент е сертифициран со ISO 9001, ISO 14001, ISO 27001.
Специјализирана за развој и дизајнирање автентични ERP решенија кои можат да бидат прилагодени кон специфичните потреби на крајните корисници со доработка на нови компоненти, Акцент Компјутери стана водечка компанија на пазарот.
Од создавањето, Акцент воспостави соработка со голем број компании. Со развојот на многуте софтверски апликации за малопродажба, мобилна продажба, ERP решенија, опцијата за модуларност во новите решенија, стана сигурен и докажан партнер за софтверски решенија. Доказ за тоа е бројката од над 2000 инсталации на нашиот софтвер, ширум Македонија.
Долгогодишните клиенти се најголемиот успех.
Акцент, ставајќи се во улога на корисниците, создава концепт за софтвер со кој ги елиминира моментите кои претставуваат потешкотија, и воведува организација, брзина и контрола во работењето на компаниите. Следејќи ги светските трендови, создава спој помеѓу најновите технологии со сопствените софтверски решенија, кој резултира со бизнис пакети со најдобри перформанси.
Сите решенија на оваа компанија лесно се адаптираат на која било легислатива и примена надвор од границите на Македонија. Флексибилноста на софтверот е овозможена и со модуларноста која лесно се применува за да ги опслужи новите побарувања кои ги носи времето.
Акцент има најголем удел во покриеноста на пазарот со фискални апарати во Македонија, со понуда од фискални каси, фискални принтери, мобилни фискални каси и фискален таксиметар со вградени ГПРС уреди. Освен фискални апарати и комплетни хардверски решенија, Акцент нуди софтверски решенија за мали средни и големи бизниси од најразлични дејности.
Акцент својата долгогодишна работа ја врши темелно, ефикасно, брзо и 100% транспарентно, нуди сигурност и лојалност на своите клиенти.
Во изминатите 24 години Акцент има соработувано со повеќе од 100.000 клиенти. Повеќе од 20.000 клиенти соработуваат со Акцент повеќе од 10 години.
Просечниот стаж по вработен во Акцент изнесува 7.1 година. Една третина од вработените се над 10 години, а повеќе од половина се над 5 години со Акцент.
Сето тоа докажува дека Акцент е стабилен партнер за своите вработени, за своите клиенти и соработници.