Почетокот на ново работно место секогаш носи измешани емоции. Првите три месеци на новото работно место се многу значајни бидејќи тогаш ги поставувате "темелите" за вашите идни и големи достигнувања. Успешните луѓе се свесни за овој момент и поради тоа тие внимаваат на неколку работи кога започнуваат со работа во нова компанија.
Според нив, овие се работите на кои треба да се фокусирате во наредните 90 дена:
Кажувајте "ДА" на возбудливите можности
Бидете сигурни дека целите што сте ги зацртале се остварливи
Редовно размислувајте за тие цели и како најдобро и најбрзо би ги оствариле
Наоѓајте начини како да ги решите проблемите на кои наидува вашиот тим
Редовно присуствувајте на состаноците и давајте свој придонес
Континуирано работите на тоа да развивате добри навики
Дознајте кои се целите на компанијата и пробајте да се вклопите во визијата на фирмата
Рационално трошите го времето што го имате на располагање
Користете ја секоја можност да се поврзувате со вашите колеги
Внимателно следите дали вашиот шеф е задоволен од досегашната ваша работа
Во секој случај, најсигурната формула за успех е всушност онаа најочигледната. Затоа, работете напорно, покажете се себеси во најдобро светло, оправдајте ги очекувањата што сте ги дале на интервјуто и бидете сигурни дека сето тоа нема да помине незабележано од страна на вашите надредени.