Автомобилската компанија Volkswagen на своите вработени им исплати рекордна премија од 4.750 евра пренесува Spiegel Online.
Над 100.000 вработени во Volkswagen добија по 4.750 евра, што е всушност највисока премија од 2015 година, кога групацијата поради манипулацијата со издувните гасови на дизел моторите западна во криза.
2018 година за вработените во Volkswagen беше многу тешка година. Скратеното работно време и стопирањето на одредени производни програми беа воглавно лоши одлуки на менаџментот. Работниците се тие кои на крајот ги донесоа работите во ред и затоа треба да бидат наградени, истакна шефот на работничкиот совет Бернд Остерлох.
Според Spiegel Online, Volkswagen, и покрај тоа што се соочуваше со проблеми поради еколошките стандарди и испораки на одредени модели, успеа да го зголеми прометот и добивката.
Бонусот од 4.750 евра е релативно низок во споредба со рекордната 2012 година, кога работниците добија исплата од 7.000 евра.
Зголемувањето на премијата во однос на претходните две години се јасен сигнал дека групацијата се опоравува од кризата предизвикана од скандалот поврзан со манипулацијата на количеството на издувни гасови.